Женската ракометна репрезентација, денеска во 16 часот со чартер – лет, патува за Романија каде утре во Букурешт ќе одиграат првиот меч од баражот за пласман на СП. Секако дека ова ќе биде голем предвизвик за избраничките на селекторот Симе Симовски, кои одработија квалитетни подготовки изминатите денови пред двојната пресметка со Романките. Во добра атмосфера се дочекува овој натпревар, првиот од двата, по што ќе дознаеме дали Македонија ќе учествува на женскиот ракометен Мундијал.

Инаку реваншот се игра во Скопје на 21 април.

На утрешниот меч, како што е познато, Симовски нема да смета на Тамар Ивановска, Марија Јовановска и Теодора Дуковска.

sportmedia.mk