По тешката повреда на младиот и талентиран офанзивец Азер Омерагиќ, кој пред две недели ги скина лигаментите на мечот со Работнички, нов удар за тимот на Борец. Имено во средата, на мечот со Македонија ЃП со слична повреда се здоби и играчот за врска на велешани Ѓорѓи Ѓорѓиев. Тој мораше предвреме да го заврши натпреварот, и тоа во 32.минута, откако почувствува болки во пределот на коленото. Првичните лекарски извешти велат дека станува збор само за истегнување на лигаментите, но сепак ќе се оди на дополнителни анализи, иако се стравува за нешто пострашно.

Во секој случај и Ѓорѓиев го чека пауза.

sportmedia.mk