Чудно но вистинито постои и ваква ташна. И тоа не од кого туку од Луј Витон. Фотографијата на ташната во форма на авион од модната куќа Луј Витон неодамна стана вирална бидејќи чини повеќе од половен авион со еден мотор.

Чантата е од годинашната машка колекција, дизајнирана од уметничкиот директор на луксузната марка Виргил Аблох, а предизвика различни мислења на социјалните мрежи, како и на многу други негови креации досега.

Чантата во форма на авион беше претставена во јануари, но неодамна привлече внимание на жИнтернет – поради вртоглавата цена од 39 000 долари.

Еден корисник на Твитер сугерираше дека може да се купи вистински половен авион за истите пари.

„Всушност може да се купи авион за помалку пари“, додаде корисникот, а некои потоа објавија реклами за авиони што го докажуваат тоа.