Глобалните испораки на компјутери се зголемија во првиот квартал со најбрзо темпо во последните две децении, бидејќи голем број влади во корона-кризата организираа онлајн настава во училиштата и препорачуваа работа од далечина, покажува истражувањето на „Гартнер“.

Според истражувањето, вкупно 69,9 милиони компјутери и лаптопи се продадени во првите три месеци од оваа година, што е за 32% повеќе од истиот период минатата година.

Кинескиот „Леново“ зазеде водечка позиција на пазарот со удел од 25,1 процент, по што следат „ХП“, „ДЕЛ Технолоџис“, „Епл“ и „Асер“, се вели во извештајот.

Во „Гартнер“, тие посочуваат дека скокот во испораките треба да се гледа низ призмата на минатогодишните ограничувања на пандемијата и недостигот на чипови.

„ Да не имаше хаос во испораките на почетокот на 2020 година, растот во овој квартал можеше да биде помал“, рече директорот за истражување на „Гартнер“, Микако Китагава.

makfax.com.mk