Во последните 24 часа во Србија починаа уште 35 лица од инфекцијата на коронавирусот, додека 3.572 луѓе се заразени.

Како што се наведува на сајтот на српското Министерството за здравство, во истиот период тестирани се 16.116 примероци.

Хоспитализирани се 7.648 пациенти, од кои на респиратори се 247.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија од инфекцијата починаа 5.808 лица, а процентот на смртност денеска изнесува 0,90.

Од почетокот на епидемијата тестирани се 3.617.179 лица, а вирусот е потврден кај 648.745 од нив.