Избирачкиот список е хакиран, СЕ ПРОДАВА НА РУСКИ САЈТ

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Избирачкиот список е хакиран, СЕ ПРОДАВА НА РУСКИ САЈТ

Дата база со преку еден милион имиња, адреси и останати податоци за гласачите се продава на интернет, а истата се рекламира на руски сајт за, како што се вели,  „хакерски услуги“ .

„Јас пакистански хакер, продавам голема база од сајтот ‘izbirackispisok.gov.mk’ со преку 1 милион запишани. Во него има имиња, презимиња, дати на раѓање, фотографии, уверенија, адреса, град.

Цена во приватни пораки. Фотографија од базата како доказ“ – пишува во огласот објавен на руски хакерски форум.

1ТВ побара информација од МВР, оттаму рекоа дека не се запознаени со случајот, но дека ќе го истражат и ќе излезат со официјално соопштение, пишува поратлот 1тв.

Ова прашање беше поставено и на првата прес-конференција на ДИК, но оттаму демантираат и  велат дека сајтот е заштитен со посебна безбедносна платформа.

Оваа информација уследи откако со денови на социјалните мрежи е тврдеше дека во информатичка компанија од Скопје с еменуваат дисковите на кои, наводно, е ставен украдениот избиралки список и откако ВМРО ДПМНЕ јавно го повика СДСМ да даде изјава за хакирање на овие податоци кои се преземени во сопственост на партијата СДСМ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата