Директорката на ковид-болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на корона вирусот се појавил во Србија и дека британската варијанта е сè уште најприсутна меѓу пациентите.

Таа предупредува дека секој нов сој на вирусот е многу полош од претходниот и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Потенцира дека сè уште не може да дава оптимистички изјави во врска со пандемијата, бидејќи нема несто за опуштање.

-Има многу млади луѓе кои се на одделите за интензивна нега и се ставени на апарати за вештачко дишење, предупреди д-р. Вукичевиќ и посочи дека најчесто станува збор за пациенти кај кои е детектиран британскиот сој кој се карактеризира со висока преносливост, дава потешка клиничка слика, побрза хоспитализација и поголема смртност. Апелирам до јавноста да се вакцинира, дури и оние кои го надминале ковидот, по четири до шест недели, исто така, може да се вакцинираат, порачува д-р Вукичевиќ.

Таа посочи дека вакцинираните лица, кои исто така биле заразени со вирусот Корора, се опоравуваат во 99 проценти од случаите.