Екипата на Гостивар се засили пред продолжение на битките во мак-шампионат. Босанскиот интернационалец, Стефан Лакиќ е новото име во составот предводен од Александар Јончевски. 26-годишниот кошаркар игра на позицијата крилен-центар и ќе биде замена за Фрајдеј кој поради повреда го напушти клубот,

Лакиќ доаѓа од тимот на Младост, оваа сезона имал просек од 14,8 поени, 6,6 скока и две асистенции.

Во својата кариеа има настапувано за Слобода Ужице, Леотар, има колеџ искуство како член на Одеса, Мисури и Самфорд.

sportmedia.mk