Skip to main content
x

12 Apr 2021 - 18:30
redakcija
Статија

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.735 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.009 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје бројот на ковид-пациенти е 726, од кои во последните 24 часа биле хоспитализирани 49 лица. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 140 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 99 лица, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп – 124, во ковид-центарот во Гостивар – 44, а во Струга – 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 96 пациенти, во Кочани – 29, во Кичево – 33, во Кавадарци – 61, а во Гевгелија – 24 лица позитивни и суспектни на вирусот“, се вели во соопштението на Министерството, од каде што додаваат дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Во скопските болници бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 65 слободни места. Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места. Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 18 оздравени пациенти.

makfax.com.mk