По петмесечна пауза поради повреда, Арјен Робен се врати на тренинзите на Гронинген. Тој тоа го објави на социјалните мрежи, а следуваа коментари од неговите некогашни соиграчи. Највпечатлив беше оној на Милер кој го повика Робен да оди со нив во Париз.

„Ајде со нас во Париз како „џокер“. Се врати во вистинско време“, стои во пораката на Милер упатена кон Робен.

Баерн Минхен игра во 1/4 финалето против ПСЖ во Париз. Првиот меч го доби францускиот тим со 2:3.

 

sportmedia.mk