Јусуфа Мукоко, го сврте вниманието кон себе со настапот за Борусија Дортмунд на само 16 години, што стана најмлад дебитант во историјата на клубот, а и најмлад кој постигнал гол.

Овој играч кој игра за помладите селекции на Германија, е повреден до крајот на сезоната, а пред неколку дена во неговиот стан влегла полиција.

Имено, неговата девојка пријавила дека била заклучена во домот на Мукоко, при што интервенирала и полицијата. Меѓутоа партнерката на овој играч решила да не поднесува тужба.

Инаку, овој случај наиде на разочарување кај јавноста со оглед дека овој млад играч со ненаполнети 17 години, веднаш стана предизвикувач на скандали.

sportmedia.mk