Еден од економски најзначајните трендови во последните неколку децении е појавата на глобална средна класа. Сепак пандемијата направи пресврт и ги намали очекувањата дека оваа група потрошувачи ќе продолжи да расте.

За прв пат од 90-тите години на минатиот век, глобалната средна класа се намали минатата година, според Центарот за истражување “Pew Research”. Околу 150 милиони луѓе – број еднаков на населението во Велика Британија и Германија – се срушија на социо-економското скалило во 2020 година, со најголем пад во Јужна Азија и субсахарска Африка.

Дефинирањето на параметрите на оваа глобална средна класа е одамна контроверзно. „Pew Research“, кој ја истражуваше оваа тема повеќе од една деценија, ги означува „луѓето со среден приход“ како оние кои заработуваат од 10,01 до 20 американски долари на ден, користејќи податоци што ги балансираат разликите во куповната моќ меѓу земјите.

Во анализата има посебен опсег – приход од „горно-среден“, кој се однесува на заработка помеѓу 20,01 до 50 долари на ден. Други, како што е институцијата Брукингс, се одлучија за посеопфатна дефиниција од 10 до 100 долари на ден.

Вкупно, кога зборуваме за средната класа, всушност зборуваме за 2,5 милијарди луѓе или третина од светската популација. Забележливо е дека средната класа „изгуби“ токму во земјите кои сè уште се борат да го зајакнат својот економски статус, иако во многу азиски земји, исто така, младите имаат сè поголем проблем.

Генерацијата Z, на пример, има голем проблем со долговите, што беше особено влошеноод сегашната криза. Во својот последен извештај на Светските економски изгледи, објавен на 6 април, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека глобалната економија во 2024 година ќе биде за 3% помала отколку што би било ако немаше пандемија.

Се наведува дека ова главно се должи на тоа што владите на земјите во развој имаат помалку простор за закрепнување, за разлика од САД или Европа. На пример, Индија ќе заврши со БДП понизок за 5,2% во 2021 година отколку што ќе беше ако немаше криза. За Индонезија, таа бројка е 9,2 проценти, а за САД само 1,6 проценти.