Skip to main content
x

7 Apr 2021 - 11:50
redakcija
Статија

Премиерот и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој извојува „пирова победа“ на парламентарните избори во Бугарија се откажа од идејата за експертска влада.

Тој го повика лидерот на второангираната партија „Има таков народ“ , Слави Трифонов да започне со подготовки за управување со земјата.

Во својот прв говор по објавувањето на конечните резултати од парламентарните избори, Борисов му понуди поддршка на Трифонов за да има „стабилно управување“. Лидерот на ГЕРБ, Борисов, на состанокот со министрите рече дека неговата партија со 10 пратеници ќе го поддржи Трифонов доколку успее да состави влада.

-Колегата политичар Слави Трифонов нека превземе одговорност. Најколегијално го замолувам да започне да го прави својот состав на Владата. За да имаме стабилност, подготвени сме да дадеме 10 пратеници кои ќе ја поддржуваат владата на Слави Трифонов, рече Борисов пред состанокот на владата и додаде дека за него е важно Бугарија да има стабилна влада, без разлика кој ќе ја раководи.

Трифонов и „Има таков народ“ се на второто место по бројот на освоени пратеници во бугарскиот парламент, но засега од таму нема информации дали се почнати некакви преговори за обезбедување на парламентарно мнозинство.

Борисов не прифаќа да се распишат нови избори, бидејќи нема логика да се троши време кога пандемијата не стивнува.

– Дури и со процент повеќе или помалку, неизвесно е како ќе се развиваат работите. Постои прекрасна можност за парламент со многу стабилно мнозинство. Во моментов опозицијата може да обезбедат 200 гласа. Ако не го сторат тоа, тоа значи дека сакаат да ја фрлат земјата во хаос- додаде Борисов