Стеф Кари имаше одлична партија „симултанка“ за Голден Стејт во дуелот со Милвоки, на крајот со конечна победа од 122:121 во синоќешните мечеви од НБА лигата. Кари го заврши мечот со 41 поен, и ја сопре серијата од три победи на Бакс.

Српскиот центар Никола Јокиќ го однесе Денвер до победа над Детроит со 134:119. Јокиќ за 27 минути уфрли 27 поени, имаше 11 асистенции и осум скокови. Портер беше после него со 25 поени, а Бартон уфрли 24.

Портланд беше поразен од ЛА Клиперс со 133:116. Пол Џорџ со 36 поени го предводеше Клиперс до триумф, а Пауел кај Портланд уфрли 32 поена.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Чикаго 97:113
Атланта – Њу Орлеанс 123:107
Бостон – Филаделфија 96:106
Торонто – ЛА Лејкерс 101:110
Мајами – Мемфис 112:124
Денвер – Детроит 134:119
Голден Стејт – Милвоки 122:121
ЛА Клиперс – Портланд 133:116

sportmedia.mk