СИЛЈАНОВСКА ДО ПЕНДАРОВСКИ: И вашиот лидер е амнестиран (ВИДЕО)

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СИЛЈАНОВСКА ДО ПЕНДАРОВСКИ: И вашиот лидер е амнестиран (ВИДЕО)

Во последната дебата меѓу претседателските кандидати пред почетокот на молкот, Гордана Силјановска Давкова го потсети својот противкандидатдека неговиот лидер, односно шеф, е амнестиран.

Републиканската монархија во Македонија има долга традиција. Традицијата е од 1993 година кога тогашната власт донесе закон наменски, за кого, закон за помилување според кој беше ослободен сегашниот премиер од тогашниот претседател на државата, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека Бранко Црвенковски врз основа на одредба за ексклузивно монархистичко право надвор од сите други правни норми го помилувал Зоран Заев.

Во вечерашната соочување на ТВ21 дебатираат Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата