Мицкоски на средба со жителите во Чашка: Време е народот да биде најгласен!

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски на средба со жителите во Чашка: Време е народот да биде најгласен!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Чашка каде се сретна со жителите од ова населено место.

-Чашка го живее тешкото време на Заевизмот. Ова место буквално е заборавено и на маргините на интересот на власта на Заев кои за да буде уште поболна реалноста, на скапите спотови се фали дека одиме напред и блескаме. Тука во Чашка беа и измамените земјоделци, работници кои не ја добиваат платата од 500 евра која ја ветуваше Заев, невработените кои сеуште чекаат работа, ама инвестиции нема. Помина времето кога можеше народот да биде излажан, затоа време е за правда за Македонија, време е народот да биде најгласен!, стои во статусот на Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата