Францускиот возач, Роман Грожан со брзина од 192 километри на час удрил во заштитната ограна за време на трката во Формула 1 за големата награда на Бахреин кога се случи страшен инцидент. Неговиот болид се запали, а тој се здоби со изгореници на неговите раце.

Сиката на ударот изнесувала 67 Г, што значи дека Грожан, претрпел притисок кој е 67 пати поголем од неговата тежина, се наведува во завршниот извештај на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) по повод инцидентот кој се случи на 29. ноември минатата година.

Забелешките ќе бидат претставени во вторник на возачката комисија.

Инцидентот се случи во првиот круг на трката во Бахреин кога Французинот со голема брзина дури во заштитната ограда, а неговиод болид пламна во оган.

sportmedia.mk