ФОТО: ohridnews.com

Попладнево од 14 часот се играат четири натпревари од 18.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Познато е дека Вардар Форино е исклучен од Лигата, па затоа Велешта денеска со службени 3:0 ќе го добие овој дуел.

Дербито се игра во Тетово, на игралиштето на АМС, каде Тетекс го дочекува Охрид. И на двете екипи им се важни бодовите, на домашните за опстанок, а за гостите за битката за втората позиција. Скопје му гостува на Кораби во Дебар, се очекува нов триумф на силните “пирати“ кои просто мелат се пред себе. Дрита во Боговиње го дочекува Велазерими а Гостивар пак му е домаќин на Кадино.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

КОРАБИ – СКОПЈЕ

ДРИТА – ВЕЛАЗЕРИМИ

ВЕЛЕШТА – ВАРДАР ФОРИНО 3:0 (слу)

ГОСТИВАР – КАДИНО

ТЕТЕКС – ОХРИД

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 40

2.ГОСТИВАР 33

3.ОХРИД 31

4.ВЕЛЕШТА 31

5.КОРАБИ 24

6.ВЕЛАЗЕРИМИ 23

7.КАДИНО 16

8.ТЕТЕКС 14

9.ДРИТА 10

10.ВАРДАР (ФОРИНО)* 10

*Вардар Форино од денеска попладне нема веќе да се смета како член на ВМФЛ – ЗАПАД, со оглед на тоа дека овој клуб е исклучен од лигата

sportmedia.mk