Дип во неволја, се појавија фотографии од претепаната Амбер

17.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дип во неволја, се појавија фотографии од претепаната Амбер

Откако бракот помеѓу актерската двојка Амбер Херд (32) и Џони Дип (55) заврши бурно со многу расправии, сагата продолжува и на суд. Амбер го обвини актерот за насилство, а Џони Дип, пак, дека таа само сака да извлече пари од него со лаги и подметнувања. Како доказ за сопственото сведочење во кое изнесува  сè што проживеала, сега во јавноста се појавија фотографии на претепаната Амбер кои таа ги приложи во судот.

На фотографиите се гледаат модринки на нејзиното лице и тело кои наводно ѝ ги нанесол Дип, а во налет на бес актерот ѝ ја искубал косата.

„Цела ноќ пиеше и се дрогираше. Утрото кога се разбудив, почна да малтретира. Тој ден ме удри неколку пати, плукаше на мене, фрлаше шишиња … Се плашев за мојот живот“, рече актерката за време на долгото и болно сведочење.

Амбер се разведе од Џони по една година брак и пет години врска. Таа побара развод во мај 2016 година и веднаш добил привремена судска заштита од Дип. Како причина за развод, актерката наведе „непомирливи разлики”, а според нејзините зборови, насилството кулминираше во мај, кога Џони, наводно, фрли мобилен телефон во нејзиното лице и скрши неколку работи во нејзиниот стан.

Адвокатот на Дип претходно ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека Херд се обидува преку лажни обвинувања да извлече финансиска корист, но таа сите досега добиени пари ги донираше обидувајќи се да докаже дека парите на актерот не ѝ значат. Актерката и моделка по лошиот прекин со Дип беше во врска со иноваторот и милијардер Илон Маск (47), но оваа врска кратко траеше.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата