Хаос на улиците во Даблин поради продолжувањето на строгиот карантин (ВИДЕО)

28.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос на улиците во Даблин поради продолжувањето на строгиот карантин (ВИДЕО)

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк, јави телевизијата РТЕ.

Неколку лица се уапсени. Владата го осуди насилството.

 

– Нема оправдување за насилство врз полицијата или било кој – оцени вицепремиерот Лео Варадкар.

Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата