Ако мислевте се сте виделе, АВИОН СЕ СУДРИ СО АВТОМОБИЛ (видео)

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако мислевте се сте виделе, АВИОН СЕ СУДРИ СО АВТОМОБИЛ (видео)

Можеби сте виделе секакви сообраќајки, но ова е најчудната. Судир на авион и автомобил на автопат се случил во близина на аеродромот Ливермор во американската држава Калифорнија.

Пистата на аеродромот во Ливермор оди паралелно со автопатот на кој се случил инцидентот и се наоѓа на само неколку стотици метри од него.

Како што беше соопштено во инцидентот нема повредени, а судирот се случил кога пилотот на малиот авион морал принудно да слета, јавуваат локалните медиуми од Сан Франциско.

 

Како што изјави пилотот, веднаш по полетувањето, авионот ја изгубил силата, успеал да се искачи на висина од околу 150 метри, но потоа авионот започнал да паѓа.

Според пилотот, единствената шанса му била да се обиде да слета на прометниот автопат.

При слетувањето тој се судрил со автомобил, штетата на авионот и автомобилот е поголема, но нема повредени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата