Дибиров “бомбардираше“, Кантегрел бранеше, супер финиш и триумф

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дибиров “бомбардираше“, Кантегрел бранеше, супер финиш и триумф

Победа, слатка победа со многу мака и со многу пот вечерва на Вардар против Елверум во десетиот меч во групата А во Лигата на Шампионите. Норвежаните номинално беа домаќини во Скопје, но на Вардар, кој имаше супер финиш во кој ги разреши сите дилеми околу тоа на кого ќе му припадне победата, не му пречеше да покаже дека знаел и да победува. Последен пат Вардар победи на 15 октомври минатата година и тоа против Фленсбург, ете вардарци со право вечерва треба да слават.

Дибиров со 9 голови беше прв “бомбардер“, Кантегрел кога беше најпотребно беше одличен на голот, Чупиќ смирен во пресудните моменти. Се разбира дека и останатите го дадоа својот придонес за конечните 35-32 за Вардар.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата