Дали ЦЕЦА РАСКИНА СО НОВИОТ ДЕЧКО, пејачката ги избриша заедничките фотографии (ФОТО)

24.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали ЦЕЦА РАСКИНА СО НОВИОТ ДЕЧКО, пејачката ги избриша заедничките фотографии (ФОТО)

На почетокот на годината како бомба одекна веста дека пејачката Цеца Ражнатовиќ е во врска со младиот бизнисмен Богдан Срејовиќ.

Пред дваесетина дена, таа ги објави првите фотографии со нејзиниот помлад партнер, а двајцата постојано среќни позираа на сите фотографии.

Сепак, сега се појавија гласини дека на оваа врска и дошол крајот.

Цеца ги отстрани сите споделени фотографии со Богдан од својот профил на Инстаграм, што предизвика шпекулации.

Од друга страна, сè уште има фотографии со пејачката на профилот на Срејовиќ, па засега не е познато што се крие зад сето ова и дали навистина станува збор за раскин или нешто друго.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата