Три работи КОИ ВЕ УНАЗАДУВААТ НА РАБОТА

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три работи КОИ ВЕ УНАЗАДУВААТ НА РАБОТА

Конечно се вработивте на работното место кое што го посакувавте целиот живот, но никако да ви тргне. Успехот кој што мислевте дека ќе го постигнете и сопствената надградба никако да дојдат и имате чувство дека наместо да одите нагоре, вие назадувате. Сепак, можеби правите една од овие три грешки кои ве кочат во кариерата

Доцнење

Секогаш постојат ситуации надвор од ваша контрола кои што ќе предизвикаат да доцните, но ако ваквите ситуации се повторуваат секоја недела или ден, запрашајте се дали проблемот можеби е во вас.

Ако сакате колегите и претпоставените да ве сфаќаат сериозно и да ве почитуваат, секогаш обидете се да бидете точни и навремени. Кога ќе започнете да работите навреме и ќе ги завршите задачите што се очекуваат од вас на време, без одлагање и многу подобро.

Став

Секој од нас на работа има колеги кои го иритираат, за кои сметаме дека не ја сфаќаат сериозно работата и не ја прават како што треба, но сè додека не управувате со сопствен бизнис и вработени, обидете се да ги почитувате сите ваши колеги.

Бидете љубезни, сочувствителни и искрени. Замерката за колегите не може да ви помогне на кој било начин, може само да ви одомогне.

Воедно постојат ситуации каде сте ја завршиле работа како што треба, но сметате дека постојано не ве забележуваат. Понекогаш некои шефови реагираат само кога ќе погрешите, но ако сметате дека треба да добиете одредени заслуги за својот труд или унапредување разговарајте со претпоставените и покажете дека вредите.

Озборувања

Ако некогаш сте се доживеале да бидете предмет на озборување во канцеларија, тогаш знаете колку е иритирачки и колку штети на нечија репутација.

Оставете ги озборувањата на кафе со најдобрите пријатели и однесувајте се со колегите достоинствено и со почит како што тоа го очекувате за вас од другите.

Кога ќе стоите настрана од озборувањата ќе забележите не само дека имате подобар однос со колегите но и повеќе време за вашите задачи

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата