КАКОВ ПАР! Се врзале со лисици за да си ја тестираат љубовта!

22.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКОВ ПАР! Се врзале со лисици за да си ја тестираат љубовта!

Александар и Викторија е млада украинска двојка која решила да се врзе со лисици за да си ја тестира љубовта. На Денот на вљубените тие допатувале во Киев со врзани раце за на светот да му покажат дали љубовта кога со саканата личност сте врзани три месеци, 24 часа на ден може да победи.

– Ќе правиме се заедно. Ќе одиме во тоалет, на туширање, ќе спиеме во исто време, ќе шетаме. Одиме на рекорд, рекол Александар.

Бидејќи немаат клуч од лисиците, некој во случај да сакаат да се откажат ќе мора да ги исече. За тоа ќе биде задолжен Виталиј Зорин од украинскиот Национален регистар за рекорди.

Двојката во следните три месеци сите активности и интересни случки ќе ги документира на социјалните мрежи.

„Слушнавме дек амногу двојки после еден или два месеца се откажале. Нашата цел се три месеци. Се надевам дека толку ќе се скараме и дека ова што го имаме ќе го уништиме заради рекордот“, рекол Александар.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата