КОНЕЧНО, ХОЛИВУД СЕ ОТКРИВА: Ричард Маден од Game of Thrones за да добие улога МОРАЛ ДА ПРИФАТИ СЕКС

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОНЕЧНО, ХОЛИВУД СЕ ОТКРИВА: Ричард Маден од Game of Thrones за да добие улога МОРАЛ ДА ПРИФАТИ СЕКС

Актерот Ричард Маден, ѕвездата на сериите “Game of Thrones” и “Bodyguard” открил дека не им се наметнуваат нереални барања само на жените кога е во прашање изгледот.

“Правев бројни работи во кои ми кажуваа дека треба да изгубам толку и толку килограми или да одам во теретана за да ја добијам улогата”, раскажал актерот за британскиот “Vogue” и додал дека тоа во иста мера им се случува и на мажите.

И други мажи од светот на шоу бизнисот јавно проговореле за притисокот од индустријата.

Британскиот пејач Сем Смит објавил своја фотографија без маица на Инстаграм, признавајќи дека морал со недели да се изгладнува во пресрет на една фотосесија, за издавачката куќа да даде зелено светло за објавување на истата.

Актерот Крис Хемсворт признал дека физички се исцрпувал за улогата на Тор и дека тоа се одразило на неговото тело.

“Тоа просто оди рака под рака со работата и е напорно. Од друга страна, кога ќе видам како ме фотографираат папараци од некоја грмушка, секогаш помислувам во каква состојба ми е телото и дали сум се запуштил”, открил Хемсворт.

Меден додал и дека неговите пријатели често се изложени на нечовечки режим на вежбање два пати дневно со речиси никаков внес на храна, сѐ со цел да изгледаат совршено за некоја улога.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата