Не сте болни, ве утепа ПРОЛЕТНА АЛЕРГИЈА за која има проверени заштити

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не сте болни, ве утепа ПРОЛЕТНА АЛЕРГИЈА за која има проверени заштити

Сезонските алергии не се нешто невообичаено и не треба да се срамите од нив. Со оглед на тоа дека со пролетта стигнуваат и поблаги временски услови, алергените се ослободуваат, па алергиите демнат на секое ќоше.

Дрвјата и тревата се најчестите причинители на пролетна алергија, а скоро 30% од светското население пати од овие симптоми. За борба со сезонските алергии најчесто се користат лекови препишани од доктор, но експертите се подготвени да ви дадат и неколку совети за ублажување на симптомите.

Туширајте се навечер

Експертите велат дека туширањето навечер може да им го направи спиењето многу поудобно и помирно на луѓето кои патат од алергии. Миењето на поленот од кожата и косата ги држи алергените подалеку од вашата перница и постелнината, па така ќе го намалите кивањето и осипот барем додека спиете. Туширајте се со топла вода, бидејќи така миењето станува полесно.

Не излегувајте рано наутро

Наутро, помеѓу 5 и 10 часот е највисока концентрацијата на полен во воздухот, па затоа докторите советуваат да ги избегнете излегувањата во овој период од денот. Но, можете да излезете веднаш по силен дожд, бидејќи дождот ќе ги има исчистено алергените од воздухот.

Обезбедете ја просторијата

Затворајте ги вратите и прозорците во периодите кога надвор е висока концентрацијата на полен во воздухот. Ако сте во автомобил, вклучете ја климата ако ви стане премногу жешко, а дома пробувајте почесто да чистите со правосмукалка и користете филтри за полен.

Избегнувајте некои видови храна

Ова посебно се однесува на сировата храна и свежото овошје, кои нема да причинат штета на сите лица со алергии, но можат да предизвикаат осип и чешање на устата.

Облечете се соодветно кога излегувате надвор

Во вашата задолжителна опрема за пролетно време мора да имате шешир и очила за сонце, за да го држите поленот што подалеку од вашите очи. Некои луѓе се одлучуваат дури и да носат маска, што воопшто не е лоша опција ако чувствувате дека ефектите од алергијата многу ви штетат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата