Гори Нотр Дам во Париз, а со неа и делови од КРСТОТ НА КОЈ ИСУС БИЛ РАСПНАТ

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гори Нотр Дам во Париз, а со неа и делови од КРСТОТ НА КОЈ ИСУС БИЛ РАСПНАТ

Од сите реликвии што се чуваат во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам), Круната од трње и парче од Вистинскиот крст се најценетите. Нивниот статус не се знае додека гори 850 години старата катедрала.

Реликвиите, за кои се верува дека се дел од крстот на кој Исус бил распнат, како и Круната од трња што ја носел, се чуваат во катедралата со векови. Исплетениот круг што е проткаен со златен конец има прикачено седумдесетина трња. Реликвиите биле добиени од Византиската Империја во 1238 година, и донесени во Париз од кралот Луј Деветти.

Катедралата Нотр Дам е најпосетуваниот споменик во престолнината на Париз. Над 12 милиони луѓе ја посетуваат катедралата секоја година, повеќе од музејот Лувр или Ајфеловата кула, според официјалната статистика.

Таа во својата 850-годишна историја повеќе пати била оштетувана и реставрирана, но никогаш олку многу како од денешниот пожар кој ја урна кулата по што целосно пропадна покривот.

Изградбата на оригиналната катедрала, лоцирана на централниот остров на Париз, почнала во 1163 година, и била главно завршена до 1260. По 1500 година ги добила и потпорните лакови, кои ја поддржуваат импозантната готска структура.

Нотр Дам била оштетена и осквернавена за време и по Француската револуција во 1789, но подоцна била делумно поправена за крунисувањето на императорот Наполеон Први во декември 1804.

Романот на Виктор Иго „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од 1931 го врати популарниот интерес за споменикот, па реставрацијата почнала во 1845 година. потоа следувале реставрации во 1960-тите и во 1990-тите.

Катедралата беше цел на неколку терористички заговори во последно време. Автомобил полн со експлозив беше најден пред Богородичната црква во септември 2016, а во февруари 2017 четири лица беа уапсени во Монпеље под обвинение дека подготвувале напад врз катедралата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата