Србин се обидел да украде „ренџ ровер“ во Скопје, обвинителството бара притвор

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србин се обидел да украде „ренџ ровер“ во Скопје, обвинителството бара притвор

Обвинителството отвори истрага и бара притвор за српски државјанин, кој се сомничи дека се обидел да украде „ренџ ровер“, на улицата „Орце Николов“ во Скопје. Осомничениот заедно со уште едно засега непознато лице, со провалување се обидел да го одземе автомобилот, кој во моментот бил паркиран, јавија од обвинителството.

Возилото било во сопственост на компанија, а осомничениот го скршил задното стакло по што со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата да го украде.

Се работи за автомобил во вреднност од 6.241.800 денари, јави обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

„Јавниот обвинител ценеше дека притворот е единствена соодветна мерка за да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на истражната постапка, особено со оглед на тоа што се работи за српски државјанин за кого постои информација дека е предмет на национална потерница на српските државни органи“, додавааат од обвинителството за овој случај.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата