(Видео) Тинејџерка возела со 160 километри на час бегајќи од полиција, во возилото имало деца

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Тинејџерка возела со 160 километри на час бегајќи од полиција, во возилото имало деца

Полицијата во Охајо објави видео од потерата за 17 годишна девојка, која се обидувале да ја сопрат поради брзо возење во подрачје на кое имало училиште.

Сепак, наместо да го сопре возилото, тинејџерката додала гас и почнала да бега. Потерата реаела неколку минути, а во еден момент, девојката возела над 160 километри на час. Ја уапсиле кога се забила во паркиран автомобил.

Излегла од автомобилот, а полицијата дури тогаш открила дека во возилото биле и нејзините две деца, едното на возраст од две години, а другото деветмесечно. Со неа се возел и 14-годишник чиешто исчезнување било пријавено неколку дена претходно.

Додека лежела на подот, на полицијата и рекла дека бегала од нив бидејќи возела деца во автомобилот, а немала возачка дозвола. Сега ја товарат за неколку сообраќајни прекршоци, но одговараат и кривично.

„Имавме неколку лица во автомобилот, мали деца, полицајци, пешаци на паркинг, бројни возила, беше тоа рецепт за катастрофа. За среќа, сето тоа заврши на начин што никој не е повреден“, изјави шефот на полицијата, Брент Милхоан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата