Мама во танга, синот со порака: МАМО НАЈЈАКА СИ!

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Мама во танга, синот со порака: МАМО НАЈЈАКА СИ!

Една од најскандалозните фолкерки од соседството Дара Бубамара повторно ја шокираше јавноста со една своја објава на социјалните мрежи. 

Имено, Дара објави фотографија на која е во танга боди - и не дека тоа е нешто невидено. Да не се лажеме имала Дара и поспектакуларни (порно) изданија.

Најскандалозен во случајов е коментарот на нејзиниот десетгодишен син Коста. 

Малиот напишал: „Мамо, најјака си“...

Ако мислите дека нема ништо чудно во тоа синот да се воодушевува на тангите на мама, супер! Но ако се сетиме на еден друг муабет на пејачката, со кој самата се пофали и откри дека син и бил воодушевен од нејзините силикони и дури и рекол: ’Буцко моја имаш најубави гради во светот’, тогаш како бел ден е јасно дека вредностите во ова семејство се малку изместени, а реакциите на јавноста која го осуди коментарот и однесувањето на пејачката се сосема на место. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата