Снежна идила на Шапка

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снежна идила на Шапка

Поради падот на температурите на воздухот на планинските места во текот на ноќта имаше и поинтензивни снежни врнежи, па така на скијачкиот центар Попова Шапка дојде до значително зголемување на снежната покривка и во моментов таа изнесува над 10 сантиметри. Снежните врнежи продолжуваат со зголемен интензитет.

Времето денеска во целата земја ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат.

Максималните дневни температури во Скопје ќе бидат 15 Целзиусови степени, во Крива Паланка 10, Берово 9, Маврово 4, Кавадарци 15, Охрид и Битола 11, Дојран 16 степени.

Прогнозата и за утре е слична. Не очекува променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 17 степени, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Маврово 9, Охрид 13, Битола 14, Дојран 18.

Веќе од среда не очекува стабилизација на времето, односно сончево и потопло време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата