И пак ХАВАРИЈА на Фејбук, Инстаграм и Вотсап

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И пак ХАВАРИЈА на Фејбук, Инстаграм и Вотсап

Милиони корисници повторно се соочија со проблем, односно денеска повторно не можеа да им пристапат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и на апликацијата Вотсап, сите во сопственост на компанијата „Фејсбук“,. Ова е втор голем пад во рок од само еден месец, а „Даундетектор“, интернет страница која ја следи достапноста на Фејсбук, објави дека станува збор за глобален проблем, бидејќи пријави се пристигнати не само од цела Европа, туку и од Америка и Азија.

Фејсбук и Инстаграм воопшто не можат да се отворат, додека пораките на Вотсап ниту се примаат ниту се испраќаат. Не работи ни месинџер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата