Казнети 265 возачи во Скопје

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Казнети 265 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, од кои 31 мерка за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 20 мерки за користење на мобилен телефон, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 14 санкционирани пешаци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата