Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изјави дека во сезоната 2021 би сакал да го победи Шпанецот Рафаел Надал на негов терен, на терените на Ролан Гарос.

„Имам за цел оваа година да го победам Рафа Надал на земја, а сакам тоа да биде на Ролан Гарос. Мислам дека сите би сакале, особено јас. Тој е многу тежок противник со неверојатен борбен дух. И јас се сметам за борец, но тој е на сосема друго ниво, едноставно неспоредлив. Се надевам дека оваа цел е многу реална и не барам премногу“, изјавил Циципас.

Инаку, Рафаел Надал е актуелен шампион на Ролан Гарос.