Кошаркарите на Фенербахче ја продолжуваат победничката низа во Евролигата. Вечерва на домашен терен, турскиот тим го совладаа Макаби со 82:75 во меч од 22-то коло.

За Фенер ова беше петта победа во низа во Евролигата, со што значително ја подобри својата позиција на табелата. Домашните до победата дојдоа со одлична игра во втората и третата четвртина, со што се неутрализира предноста на гостите од првиот дел.

Најефикасни во победничкиот тим беа Весели со 18 и Де Коло со 16 поени.

Кошаркарите на Баерн го совладаа Химки на гости во неизвесен натпревар. Тимот на Андреа Тринкиери ја прекина серија од два последователни порази во елитното европско натпреварување. Баерн го предводеше Баб со 25 поени, а Гист постигна 19.

Претходно Анадолу Ефес на домашен терен ја совлада Ц. Звезда со 86:72.

Standings provided by SofaScore LiveScore