Ракометарите на Металург од денеска се во дводневна посета на Пеќ (Косово), каде имаат и два контролни меча со косовскиот шампион Беса. Денеска се одигра првиот пријателски меч кој заврши нерешено, со резултат 33:33 (17:16).

Двајцата тренери го искористија натпреварот за воигрување на своите состави и за реализирање на своите замислени тактики. Утре, со почеток во 12 часот ќе се одигра и втората средба после која Металург ќе се врати во Скопје.

По двомечот со екипата на Беса, Металург ќе одигра уште еден пријателски натпревар, против Тиквеш, а оваа средба ќе се одигра во Автокоманда на 29 јануари.