(ФОТО) ВУЧИЌ ПОТВРДИ: Новиот сој на коронавирус стигна во Србија

24.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) ВУЧИЌ ПОТВРДИ: Новиот сој на коронавирус стигна во Србија

- Новиот сој на коронавирус стигна во Србија, се работи за патничка која стигнала од Лондон, таа била негативна на ПЦР тестот за К19, но позитивна на коронавирус. По дотолнителните испитувања, потврдено е дека станува збор за новиот сој на коронавирусот. Таа нема тешка клиничка слика, дури и минимални и се сипмтомите, но нејзиниот сопруг има запаление на белите дробови, и тој е позитивен на новиот сој на корона, соопшти утринава претседателот на Србија Александар Вучиќ во гостувањето на Прва ТВ.

Тој потврди дека за овој факт бил информиран од министерот за здравство Лончар.

- Не знам дали ќе се затвораме. тоа мора да го кажат лекарите. Важно е дека станува збор за изолиран случај, и лоцирани се сите контакти, така што кругот е затворен, нема место за паника кај граѓаните. Нам ни преостанува да се бориме за здравјето на граѓаните, да најдеме повеќе вакцини за населението, рече српскиот претседател Вучиќ/

Тој рече дека Велија Британија најавува целосен локдаун до јули за да го искорени новиот сој на коронавирус, а Германија веќе делумно се повеќе и повеќе се затвора, како и останатите држави.

На прашањето дали ќе се затвори и Србија, рече дека засега, нема потреба од такво нешто, но важно е да се слушаат мислењата на лекарите.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата