Откако беше официјално промовиран, Муарем Муарем вчера веднаш на тренинг на Брегалница. Екс – репрезентативецот и довчерашен фудбалер на Работнички, се реши пролетниот дел да го мине во Брегалница и на штипските “сини“ да им помогне да ја остварат целта, а таа е само пласман во елитата и ништо повеќе. Факт е дека со Муарем четата на стратегот Марјан Секуловски во средниот ред доби на квалитет и доби на искуство.

Што се однесува до пријателските средби, утре во Штип екипата на Брегалница го почнува серијалот. Прв ривал е како по обичај во последно време, составот на Кит Го. Следуваат најмалку уште пет контроли пред стартот на сезоната во Втората лига – исток.