Случајот МОНСТРУМ ГО ПОКАЖА ЛИЦЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА полна манипулации

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Случајот МОНСТРУМ ГО ПОКАЖА ЛИЦЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА полна манипулации

Заврши повтореното судење за убиствата кај Смилковско езеро, познати како судски процес Монструм.

Судењето еднаш доби завршница со утврдена вина и осудителни процеси но, по барање на ДУИ што тие го признаа, Врховниот суд ја укина пресудата и судењето почна одново - со иста завршница. Патем, пет години овој настан се употребуваше во партиски и политички цели со јавни тврдења дека осудените се невини, и тогашната власт монтирала случај и судење.

За време на “бомбите“ и долг период после тоа, Заев, тогашен лидер на опозицијата, а денес премиер, ја користеше дури и оваа трагедија за да собере политички поени за СДСМ.

Отакако вчера обвинителката Фатиме Фетаи, побара доживотен затвор за сите претходно осудени па ослободени, освен за еден - за кој како што рече обвинителството не собрало доволно докази, излегоа на виделина лажните информации што Заев ги извади пред неколку години, кога беше во опозиција, како дел од бомбите кои ги преслушал:

- Од она што јас го слушнав постојат докази дека тие луѓе кои се сега во затвор не се виновни за тоа дело. Во разговорите не постои доказ кој тоа го направил, но постои сомневање дека власта е вмешана. Кога тие разговараат меѓу себе, постојат индиции дека власта е инволвирана сакајќи да покаже да Албанци убиле Македонци, изјави Заев во интервју за српски „Курир“ пред да ја преземе власта во 2017 година.

Потоа долго време им велеше на родителите на убиените момчиња дека поинаквата вистина лично ќе им ја каже, а тие во очај и агонија чекаа, но никогаш не дочекаа.

- “Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека е така како што е претставено во јавноста, и тие ја сакаат вистината.

Тоа што ќе го обелоденам се телефонски разговори и смс пораки, нема јас да го толкувам тоа, јавноста ќе го протолкува сама како и досегашниот процес.

Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања. Може овој процес нема да ги даде сите одговори, но ќе даде огромен процент одговори и ќе расчисти многу облаци кои сеуште надвиснуваат над овој процес-рече Зоран Заев пред неколку години“.

Осудените убијци на доживотен затвор, беа ослободени, а процесот се врати од почеток. За на крајот, пак да испадне како што и првично беше, односно се докажа дека не станува збор за политички монтиран процес.

Сега после се треба да се утврди одговорност за злоупотреба на чувствата на блиските на загинатите и на јавност во врска со случајот “Монструм“ за политички и партиски цели. Освен ова, вицепремиерот од ДУИ Артан Груби јавно потврди дека неговата партија барала повторување на судскиот процес што е работа на судот, а не на партија. Нарушен е угледот на судскиот систем во кој и онака малкумина имаат доверба, и напарвени се трошоци за ново судење без основ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата