Министерство за одбрана го демантира „Мое осигурување“, ИМА ИЛИ НЕМА ОСИГУРУВАЊЕ за вработените во министерството и АРМ?

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерство за одбрана го демантира „Мое осигурување“, ИМА ИЛИ НЕМА ОСИГУРУВАЊЕ за вработените во министерството и АРМ?

Вечер.мк доби информација дека вработените во МО и припадниците на АРМ останале без здравствено осигурување, односно дека од ноември минатата година не е уплатено здравствено осигурување за вработените и со тоа војниците и старешините сега се оставени да плаќаат од свој џеб кога одат на лечење.

Поради тоа и имајќи предвид дека во ек е пандемија, Вечер.мк се обрати до Министерството за одбрана да ја провери оваа информација,  односно дали во ек на пандемија војниците се оставени на цедило.

Оттаму велат дека не е точно дека од вработените во Министерството за одбрана се без здравствено осигурување.

- Вработените во Министерството за одбрана имаат континуирано здравствено осигурување. Придонесите за здравство уредно се плаќаат секој месец со исплатата на платата. Денеска од Фондот за здравствено осигурување Министерството беше известено дека здравственото осигурување (само денес) е прекинато заради тоа што во нивниот информатички систем се јавува едно лице за кое не е платен придонес за здравствено осигурување за месец октомври 2020 година. По електронска комуникација помеѓу Министерството за одбрана, Фондот за здравствено осигурување и Управата за јавни приходи, утврдено е од страна на Фондот за здравствено осигурување дека се работи за проблем од техничка природа во нивниот информатички систем, соопштија од МО.

Тие додаваат дека проблемот е решен и здравственото осигурување на вработените во Министерството за одбрана е активирано во 12.30 часот.

Нејасно е како на страницата на „Мое осигурување“ се уште стои дека тоа не е активно, и токму затоа Вечер.мк повторно ќе ја провери информацијата наскоро и ќе побараме мислење од МО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата