Произведен роботот змија кој МОЖЕ ДА „ЖИВЕЕ“ ВО ДЛАБОЧИНИТЕ НА ОКЕАНОТ

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Произведен роботот змија кој МОЖЕ ДА „ЖИВЕЕ“ ВО ДЛАБОЧИНИТЕ НА ОКЕАНОТ

Индустријата за нафта и гас во морето има обемна и скапа инфраструктура. Бунарите, останатата опрема и илјадиците километри цевки кои треба да се инсталираат, оддржуваат и санираат. Сега се развиваат подводни дронови и модерни роботи кои можат да ја направат работата побезбедна, поевтина и помалку загадувачка.

Меѓу нив е и „Eelume“, робот кој е шест метри долг и личи на змија и е опремен со сензори и камери на сите страни. Може да се држи во станица на длабочина до 500 метри дури шест месеци без да се извади на површината.

Самостојниот робот може да патува до 20 километри и исто така може да извршува различни задачи, вклучувајќи алатки за работа со подводните вентили и четки за чистење и отстранување на талогот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата