Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев, и најави дека ќе поднесе жалба.

По признание на вина, Ѓорѓевски беше прогласен за виновен и изречена му е алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Пресудата е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули минатата година беше снимен како го пцуе и го напаѓа командирот од Тетово, Зоран Талев, со што му нанел телесни повреди.

Oбвинителството бара Ѓорѓевски да биде прогласен за виновен за кривично дело Насилство за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.​

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата