10-годишно девојче се удави откако ГО НАПРАВИ ЕКСТРЕМНИОТ ПРЕДИЗВИК НА ТИК-ТОК

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
10-годишно девојче се удави откако ГО НАПРАВИ ЕКСТРЕМНИОТ ПРЕДИЗВИК НА ТИК-ТОК

Трагедија го  потресе градот Палермо, Италија, каде 10-годишно девојче почина како резултат на предизвик на социјалната мрежа Тик-Ток.
Девојчето падна во кома по ужасната игра за време на екстремен тест со гушење.

И покрај напорите на лекарите, немаше што да се направи за 10-годишното девојче кое почина во болница.

Во меѓувреме, родителите се согласија да и ги отстранат органите. Обвинителот во случајот отвори истражно досие.

Италијанските медиуми јавуваат дека таа ставила ремен околу грлото и го држела неколку минути додека не се задуши, што довело до инфаркт.

Истражителите ги вештачат сите пораки и разговори од телефонот на малото девојче.


Ова е предизвик што ги тера учесниците да се обидат да ја преминат границата помеѓу животот и смртта.

Оние кои учествуваат се обидуваат да се дават се додека не се онесвестат.

Веќе некое време на интернет кружат видеа кои објаснуваат како функционира овој предизвик.

Ова се прави и со употреба на јажиња или рацете околу вратот.

Целта е да се доживее искуството да се остане без кислород, слично на тоа да се биде на над 7.000 метри надморска височина или на работ на смртта.

Целта на предизвикот е да се изгуби свеста и потоа да се врати.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата