Меланија Трамп во голем стил ја напушти Белата куќа! Замина во црно од глава до пети, и остави печат

20.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меланија Трамп во голем стил ја напушти Белата куќа! Замина во црно од глава до пети, и остави печат

Меланија Трамп на прошталната церемонија во воздухопловната база Ендруз денеска изјави дека за неа најголема чест била да биде прва дама на САД. А една од работите по кои сите ја запаметија Меланија се и нејзините модни комбинации на кои сите им се воодушевуваа.

„Беше привилегија да се биде ваша прва дама, Бог да ве благослови“, рече Меланија Трамп за време на последниот говор како прва дама на САД. 

Во таа прилика Меланија се појави во црн костум, со косата собрана во пунџа. Сакото во комбинација со здолниште до колена и црни ракавици, е со црни копчиња кои се закопчуваат на едната страна. Не останаа незабележани нити луксузните потпетици и темните очила. 

Многу изданија на Меланија дамите ќе ги паметат, а освен по тоа ќе се памети и како прва дама која во последните 195 години е родена во странство.

Родена е во Словенија, во бивша Југославија.

Таа е и прва дама која е поранешна манекенка и која позирала гола, а прва е и по тоа што е трета сопруга на претседател.

И прва е на која англискиот јазик не и е мајчин.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата