ДРАМА во Истамбул: Убавата турска глумица го напушта снимањето на серијата поради болест

19.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДРАМА во Истамбул: Убавата турска глумица го напушта снимањето на серијата поради болест

Неслихан паднала во несвест на снимање на серијара “Ќерката на амбасадорот“

Неслихан Атагул, позната како Нихан од серијата “Бескрајна љубов“, во која глумела со познатиот глумец Бурак Оџивит (Бали Бег) ја напуштила серијата “Ќерката на амасадорот“ поради проблем со цревата.

Фановите веќе забележале дека таа видно ослабела, а нејзините познати подочници и најдобрата шминка неможела да ги скрие.

Откако Неслихан се онесвестила на снимање на епизода, сватила дека ѓаволот ја однел шегата. Прво е кажано дека ќе земе 10 дена боледување, но само после половина час, глумицата која ја игра улогата Наре во серијата, на својот Инстаграм им се заблагодарила на фановите и целиот тим на серијата што значело повлекување од понатамошно продолжение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата