Се очекуваше Челзи да дојде до лесна победа над Фулам. Особено откако „сините“ имаа играч повеќе на теренот, по исклучувањето на Робинсон во 44. минута.

Челзи имаше поголем посед на топката, повеќе шанси, повеќе удари, а на крајот стигна само до еден гол, и тоа преку Маунт во 78. минута.