Големо изненадување во францускиот шампионат. Олимпик Марсеј на свој терен изгуби од последнопласираниот тим во Лига 1 (до пред одигрување на ова коло), а тоа им се случува за првпат по декември 1962 година.

Марсеј претрпе пораз од Ним 1:2. Флоријан Товен промаши пенал за Марсеј во првото полувреме, а само што почна второто набрзина (55 и 58 минута) Ним дојде во предност од 2:0 со головите на Елиасон. И покрај жестокиот притисок во продолжение на мечот Марсеј само успеа да го ублажи поразот со голот на Бенедето во 85 минута.

Марсеј го доживеа четвртиот пораз сезонава и се наоѓа на шестото место. А Ним од последното место со овие три бода скокна на 18 позиција, сепак, има меч помалку затоа што екипите зад него Дижон и Лориен своите натпревари ова коло ќе ги одиграат утре.