Римското дерби во 18.коло на Серија А му припадна на Лацио кој со 3:0 ја совлада Рома на „Олимпико“. „Орлите“ ја запишаа деветата победа во првенството, а славењето го донесоа Чиро Имобиле и Луис Алберто. Првиот го отвори резултатот во 14 минута што беше негов 17-ти гол сезонава и има четири гола за Лацио во римските дербија (на трето место зад Томазо Роки 5 гола и Силвио Пиола 6 гола).

Другите два ги постигна бразилскиот интернационалец, еден во првото и еден во второто полувреме. Рома го запиша четвртиот пораз сезонава и забави во трката по првото место, сега има шест бода помалку од лидерот Милан кој е со меч помалку.