Пренџов: За потпалувачки говори како на Маричиќ, министри во демократските држави си даваат оставки (ВИДЕО)

15.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пренџов: За потпалувачки говори како на Маричиќ, министри во демократските држави си даваат оставки (ВИДЕО)

Не постои храм на демократијата во светот во кој што избран министер од Собрание ќе дојде и ќе се расправа со пратениците, ќе суди кој што зборува и на кој начин го зборува и ќе навредува затоа што определени дискусии и ставови нему не му се допаѓале, истакна пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница после говорот на министерот Маричиќ во врска со Законот за попис.

Пренџов потенцираше дека такви потпалувачки говори како тој на Маричиќ се јаболко на раздорот во Собранието и додаде дека такви министри во нормални демократски држави во ЕУ или САД кон кои ние се стремиме следниот ден си давваат оставка.

- Министерот не ни кажа зошто треба да направиме попис. Тој ништо не образложи  освен укорување на опозицијата. Не може некој да дојде од Владата, што влегол во политиката пред 3 години и да кажува кој е крив и да пресудува тука. А на кого му суди, на пратениците што ги бирал народот. Вие ќе гласате за закон за попис, при тоа да не знаеме како тој попис ќе се одвива, бидејќи во Собранието не видовме никаква методологија. Ќе била донесена за еден месец. Значи вие ќе го гласате законот без да ја видите методологијата, затоа што “така било договорено”, а ние нема да го гласаме бидејќи немаме доверба, рече Пренџов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата